X
 18.02.2016 Култура

Зошто нема табуа во скандинавските книги за деца?

Норвешката писателка Ингелин Росланд прави истражување на детската и тинејџерската литература на скандинавските земји, кадешто истражувањата за сексуалноста и експлицитните инаугурации не доживуваат цензура - и објаснува зошто скандинавските автори како Џо Несбо имаат слобода да пишуваат чесни, храбри и темни книги за деца.

 

пишување


Верувам во слободата да пишувам за се` - за било која публика, без разлика дали е млада или стара. Ова е нешто доста посебно, еден писател да може да седне и со слобода да ја напише приказната која ја измислил и таа приказна да биде објавена.

Во Скандинавија не постојат табуа кога станува збор за пишување, дури и за деца и млади луѓе. Книгите за тинејџерите кои ја истражуваат сексуалноста со експлицитен јазик не се цензурирани. Тоа е нормално за нас. Не постои тема на која не можам да пишувам кога станува збор за тинејџерски книги и јас знам дека мојот издавач ќе застане зад мене без разлика на што и да се случи.

Ова се неколку примери кои објаснуваат што сакам да кажам. Книгата „Fittekvote“ од Аксел Хелстениус и Мортен Скардал, за младите девојки во војската, освои награда за литература во 2011 година. Англискиот наслов на книгата би бил „Cunt Quota“.

Друга книга, „Tjuven“ од Рун Белсвик, е наменета за деца од 8 години. Во неа, главниот лик, Џолвер, учи како да мастурбира од неговиот пријател Боб. Неговиот пријател му кажува дека е добро да се допира себеси додека гледа голи девојки во магазин.

Традиционално, скандинавските автори светот на децата го сфаќаат доста сериозно. Земете ја за пример шведската писателка (и креатор на „Пипи Долгиот чорап“) Астрид Линдгрен, еден од најважните гласови кои никогаш не ги разочарал младите читатели. Некои од работите кои таа ги напишала се доста темни и сериозни.

Во контекст на оваа традиција, прилично е лесно да го одржам ветувањето кое си го дадов себеси кога започнав да пишувам книги; секогаш ја почитувам способноста на младиот читател да мисли сам, да не се плаши и никогаш да не избегнува да пишува за теми кои можат да бидат болни, срамни или потенцијално навредливи.

Имам доста одлични колеги кои ја имаат истата мисија; шведскиот писател Гунар Арделиус кој е познат по неговите искрени, храбри и брилијантни книги за љубовта и сексуалноста. Кога неговата книга „I need you more than I Love you and I love you to bits“ требаше да се објави во Франција, издавачот сакаше да цензурира делови од неговата книга. Кога имав средба со француските деца со кои требаше да разговарам за мојот роман „Ангелско лице“, првата книга за мојата хероина Енџл Винг, некои од наставниците не им дозволиле на децата да ја прочитаат книгата бидејќи се сметала за непристојна со експлицитен јазик. На средбата не се појави целото одделение бидејќи наставникот не ги оставил; добрите девојки не треба да зборуваат и да се однесуваат како Енџл Винг.

Во 2006 и 2007 година започнав да освојувам награди и моите книги започнаа да добиваат германски, француски и англиски преводи. Една книга да го доживее објавувањето на англиски јазик е вистинско чудо, но во реалност тоа е доста напорна работа. Но, мојот издавач веруваше во мене и тоа навистина ми помогна, а ми помогна и тоа што ме остави да ги пишувам книгите за кои сметав дека имам потреба да ги пишувам, а не да пишувам она што го сака пазарот.

Пишувањето за младата публика се смета за доста важно во скандинавските земји и не е невообичаено најдобро продаваните писатели на книги за возрасни да пишуваат и книги за деца. Земете го за пример писателот Џо Несбо, кој е познат по неговите криминални романи за инспекторот Хари Хол, но кој исто така ја напиша и забавната серија на книги „Доктор Поктор“.

Уни Линдел, уште една добро позната писателка на крими романи исто така пишува книги за деца. Истото важи и за Џон Фос, чии романи, кратки приказни, поезија, есеи и драми се преведени на повеќе од 40 јазици. Истото го прави и Сајмон Стрејнџер, писател чијашто серија на книги „Емили“ беше прогласена за најважниот роман за млади на нашето време. Книгата раскажува за норвешката тинејџерка Емили која се соочува со огромни разлики во условите за живеење во светот. Книгите се преведени на неколку јазици и се надевам дека ќе го пронајдат својот пат на пазарот на англиското говорно подрачје. Аина Басо пишува историски романи како за возрасни така и за млади. Нејзината книга „Пожарот“ раскажува за ловот на вештерки во северниот дел на Норвешка и се надевам дека и во оваа книга еден ден ќе може да уживам англиската публика.

Слободата да пишувам за нешто, без разлика на тоа колку е тажно, темно или тешко, понекогаш дава депресивни резултати, но кога е пишувано со темен хумор, дури и најтажните работи може да предизвикаат насмевка на вашето лице.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура