X
 19.02.2016 Култура

Јамајка го користи најзабавниот начин за борба против вирусот зика

Секоја земја погодена од вирусот зика се бори на сопствен начин и ги предупредува граѓаните како да се заштитат подобро. Но, ниту една земја не го прави тоа, ниту приближно, како Јамајка.


Министерството за здравство во Јамајка објави видео во реге-стил со наслов „Не сакаме вирус зика“. Ѕвезда во видеото е гинекологот Мајкл Абрахамс, кој преку песна енергично ги советува луѓето како да ги одбегнат потенцијално опасните комарци во својот дом.

Живописните стихови вклучуваат совети за ослободувањето од сите места во домот кадешто може да се размножуваат комарците. Абрахам специјално ги советува трудниците и ги упатува како да се заштитат себеси и своето дете од вирусот.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура