X
 19.02.2016 Образование

Што изборот на факултет зборува за вашата интелигенција?

Студентите кои студираат математика, инженерство или било кое друго подрачје на природните науки, традиционално се наоѓаат меѓу академски најспособните студенти, покажуваат резултатите од истражувањето.

 

fakultet


Во период од 7 децении тие цело време реализирале најдобри резултати во тестовите за способност и талент.

Веројатно не изненадува податокот дека предметите кои традиционално се сметаат за најтешки ги привлекуваат најспособните студенти. Од друга страна, студентите на учителските факултети и студентите запишани на земјоделие се покажуваат како најмалку способни.

Под претпоставка дека она што луѓето го студираат на факултет се одразува на она со што тие ќе се занимаваат подоцна во животот, резултатите водат кон загрижувачки заклучоци во врска со луѓето кои се занимаваат со наставнички професии.

Џонатан Вајт, истражувач од универзитетот Дјук во Америка, собирал податоци од пет различни истражувања, и вели дека резултатите покажуваат предмети и професии кои Америка доследно ги проценувала во текот на годините.

Во најмалку две истражувања, искористени се податоците од проектот „Talent“, американско истражување од 1960 година во кое учествувале повеќе од 400.000 средношколци во обид да се направи регистар на национални таленти, додека за другите биле користени податоци добиени со помош на тестирања и примена на стандардизирани тестови на способностите (SAT).

Податоците до кои дошол Џонатан Вајт исто така покажуваат дека последните години бизнис студиите се` повеќе ги привлекуваат способните студенти. Истото важи и за општествените науки кои вклучуваат антропологија и археологија - некои од најлошите насоки на кои можат да се запишат во економска смисла.

Како што истакнува Вајт, овие податоци се однесуваат на просечни поедници, а не на специфични - секако дека брилијантни луѓе има во сите сфери на животот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование