X
 22.02.2016 Наука

Сензационално откритие на астрономите кое би можело да промени се` што сме знаеле за планетите

Која е горната граница на големината на карпестите планети? Ова е моментално доста спорно прашање во астрономијата.

 

планета


Досега најзастапено беше мислењето дека секоја планета со опсег 1.6 пати поголем од Земјата неизбежно станува гасовит џин. Се` под границата е Супер-Земја, а уште помали се планетите како самата Земја, Марс и Венера.

Но ова разграничување би можело да ја промени основата на најновите откритија. Астрономите велат дека пронашле егзопланета со големина на Нептун која има карпест состав. Се проценува дека планетата, со името BD+20594b, има дијаметар 2.23 пати поголем од Земјата, како и 16.3 пати поголема маса. Ако тоа биде потврдено, ова ќе биде една од најголемите карпести планети некогаш пронајдени.

Оддалечена е околу 500 светлосни години од Земјата, а нејзината земја ја опкружува на секои 42 дена.

 

Авторите на истражувањето дошле до заклучок дека станува збор за карпеста планета поради односот на масата и опсегот, од кои може да се пресмета густината: 8 грама на убен сантиметар, во спореба со 5.5 грама на Земјата.


„Знаеме дека станува збор за карпеста, а не планета со гасови поради нејзината густина“, вели Еспиноза, водач на истражувањето. Доколку планетата имаше гасови, би имала поголем опсег во однос на истата маса.

Но, постои и дополнителна претпазливост. Имено, и самите научници кои работат на овој проект изјавуваат дека ќе бидат потребни дополнителни истражувања за да се потврди карпестиот состав на оддалечената планета, особено со оглед на сегашната дебата околу границата помеѓу планетите кои личат на земјата и гасовитите џинови.

„Грешките во врска со проценката на масата се можни, и можат да бидат големи. Но, и покрај тоа, јас сум сигурен дека не станува збор за гасовит џин. Можеби тоа е океанска планета, иако податоците најмногу покажуваат дека е карпеста“, вели Еспиноза.

 

Планетата е откриена со помош на вселенскиот телескоп Келпер, како дел од моменталната К2 мисија, со дополнителни набљудувања на HARPS спектографот во опсерваторијата La Silla во Чиле. А неговото откритие би можело да има значајни импликации за нашето брзо растечко знаеање на екстрасоларните планети.


„BD+20594b моментално е единствената планета која може да го носи насловот „мега-Земја“, под услов да успееме да ги потврдиме податоците“, завршува Еспиноза.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука