X
 25.02.2016 Образование

Дали можете да ги решите овие задачи од трето одделение?

математика

 

„Кенгур“ е долгогодишно меѓународно натпреварување на кое минатата година учествувале 6 милиони ученици од основните и средните училишта од 55 земји во светот. Оваа година треба да се одржи на 17 март кога по 18 пат ќе се одржи овој математички натпревар кој е во организација на Меѓународната асоцијација „Кенгури без граници“. Приближно во исто време ќе бидат тестирани учениците од основните и средните училишта во 55 земји во светот.


Со оглед на тоа дека станува збор за доста сериозен натпревар, ви претставуваме две задачи кои доаѓаат од Хрватска а се наменети за трето одделение. Задачите не се воопшто лесни доколку се земе во предвид дека станува збор за 9 годишни деца.

1 задача: Во кутија со квадратна форма се наоѓаат две чоколади, една над друга. И двете чоколади се состојат од помали квадратни плочки. Игор ги изел сите 20 плочки од горното чоколадо кое се наоѓа по должината на рабовите на кутијата. Колку плочки останале во кутијата?

а) 16
б) 30
в) 50
г) 52
д) 70


2 задача: Дејан има торба со бонбони. Тој ги поделил со своите пријатели такашто секој од нив добил еднаков број на бомбони. Колку пријатели Дејан сигурно не може да има?

а) 2
б) 3
в) 4
г) 5
д) 6
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование