X
 25.02.2016 Технологија

НАСА со повик до програмерите - Илјадници долари за најдобрите алгоритми

На првиот хуманоиден робот во вселената му е потребна вашата помош.


НАСА нуди награди до 10.000 долари за програмерите кои ќе напишат алгоритми кои ќе го подобрат „видот“ на Робонаут 2, роботот кој моментално се тестира на Меѓународната вселенска станица.

Робонаут 2 или Р2 помага во работата на станицата и е задолжен за репетитивните обврски кои одземаат време. НАСА се надева дека робото ќе стане подобар во својата работа наскоро, започнувајќи со препознавањето на предметите.

Соодветно на тоа, вселенската агенција бара алгоритми кои ќе го подобрат видот на роботот, односно ќе овозможат роботот да разликува предмети со послаба видливост.

Натпреварот трае до 8 март. 


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија