X
 26.02.2016 Образование

Како би одговориле на ова прашање кое е дел од интервјуто за работа во Фејсбук?

фб

 

Шефот на човечки ресурси на Фејсбук, Миранда Калиновски дава неколку совети на што треба да се фокусирате сите оние кои сакаат работа во Фејсбук.


Фејсбук е една од најпосакуваните компании за работа и еден од најпосакуваните работодавци, која вработува повеќе од 13.000 луѓе во канцелариите лоцирани насекаде низ светот.

Шефицата на човечки ресурси Миранда Калиновски, која е одговорна за регрутирање на нови луѓе во компанијата, открива како изгледа интервјуто за работа во Фејсбук.

Миранда Калиновски открива и едно од најважните прашања кое компанијата го поставува, но истакнува дека сите кандидати не ја сфаќаат поентата на прашањето.

Во секторот за човечки ресурси ова прашање се користи за да откријат колку сте посветени во работата и колку страст чувствувате кон работата, како и колку вашите интереси се вклопуваат во интересите на компанијата.

Прашањето гласи: „АКо се обидете да го замислите најдобриот ден на работа, откако ќе си дојдете дома, како би го опишале она што сте го работеле?“

Откако ќе одговорат на поставеното прашање, вработените во компанијата врз основа на вашиот одговор можат да видат дали сте подготвени да ја следите нивната мисија, а тоа е дали на луѓето можете да им овозможите да бидат поврзани и да споделуваат со другите она што го сакаат од нивниот живот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование