X
 26.02.2016 Економија

За првпат во историјата во оваа земја жените се поплатени од мажите

Просечната месечна плата на жените кои работат на висока положба во локална управа изнесува 58.925 круни, односно 6.290 евра.


Просечната плата на жените на менаџерски и политички позиции во локалната управа во Шведска за прв пат во историјата е повисока од онаа на машките колеги на таквите позиции.

Просечната плата на жените кои работата на висока позиција во локалната управа изнесува 58.925 круни, додека просечната плата на мажите изнесува 57.925 круни, открива „Dagens Samhälle“.

- Мислам дека тоа покажува дека жените менаџери се подобри во преговарањето за плата. Често се подобро образувани од мажите, тоа знаеме.“ - вели Ана Елијас, портпарол на една локална компанија.

Сепак, жените во Шведска не се еднакви на сите подрачја. Во управните одбори на компаниите, три четвртини од членовите се мажи. Исто така, 77% од професорите во високото образование се мажи.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија