X
 29.02.2016 Живот

Најинтересните моменти од Оскарите 2016

Леонардо Ди Каприо конечно освои Оскар за најдобар актер во главна машка улога на 88-то издание на Оскарите во Лос Анџелес.

 

1


„Ви благодарам, ви благодарам на сите многу. И` благодарам на Академијата. И` благодарам на сите тука. Морам да им честитам на друите номинирани оваа година за нивните неверојатни изведби. „The Revenant“ беше производ на неуморниот напор на една неверојатна екипа која работеше заедно. Најпрво на мојот брат во овој потфат, Том Харди. Том, твојот жесток талент на екранот може да биде надминат само од твоето пријателство надвор од екранот“, изјави Лео во неговиот говор.

41 годишнот актер исто така ја искористи можноста да привлече внимание за тоа што се случува со климатските промени.

„Климатските промени се вистински, се случуваат сега, и претставуваат најитната закана со која се соочуваат нашите видови, мора да работиме заедно и да престанеме да одложуваме. Не смееме да ја земиме оваа планета здраво за готово, не ја земам вечерва здраво за готово“, изјави актерот.

Победата на Лео беше еден од главните моменти кои фановите ги очекуваа со нетрпение. Другиот момент беше како неговата колешка од „Titanic“ ќе реагира на неговото освојување.

 


После победата на Ди Каприо, веднаш следуваше наградата за најдобар филм.

„Овој филм им даде право на глас на преживеаните, а овој Оскар ги засилува тие гласови, со што се надеваме дека ќе станат хор кои ќе го резонираат Ватикан“, изјави режисерот на филмот Том Мекарти.

 

3


„Папа Френсис, време е да ги заштитите децата и да ја вратите нивната вера. Ви благодарам многу“.

Претходно, Бри Ларсон ја однесе наградата за најдобра актерка во главна женска улога, победувајќи ја Кејт Бланшет, Џенифер Лоренс, Шрлот Ремплинг и Саорисе Ронан во оваа категорија.

„Сакам да започнам со нешто големо бидејќи она што го сакам во создавањето на филм е колку луѓе се потребни за да се направи. Затоа сакам да започнам со филмскиот фестивал во Торонто кој ни даде платформа.

 

4


Претходно Алехандро Гонзалес Инариту го освои Оскарот за најдобар режисер, победувајќи го Том Мекарти, Адам Меккеј, Лени Абрахамсон и Џорџ Милер.

„Каква одлична можност за нашата генерација, навистина да се ослободиме себеси од сите предрасуди, и размислувањето дека еднаш засекогаш бојата на кожата станува ирелевантна колку и должината на косата“, изјави тој.

 

5


Сара Силверман пак, имаше доста непријатен момент со нејзиниот говор за тоа како спиела со Џејмс Бонд и тој никогаш не и` се јавил, за кој многу луѓе велат дека беше доста непристоен.

 

6


Алиша Викандер го освои Оскарот за најдобра актерка во споредна женска улога за филмот „The Danish girl“, победувајќи ги Винслет и МекАдамас.

 

7


Марк Рајланс го освои Оскарот за најдобар актер во споредна машка улога за неговата изведба во „Bridge of spies“.

„За мене, да имам шанса да работа со најголемите луѓе, Стивен Спилберг, е вистинска чест. За разлика од некои лидери кои ги познаваме денес, Стивен води со толкава љубов“, изјави Рајланс.

 

8


Наградата за најдобра оригинална песна ја освои Сем Смит и Џими Нејпс за „The writing's on the wall“, од филмот „Spectre“.

„Всушност, не можам да дишам“, изјави Сем Смит кога ја прифаќаше наградата.

 

9

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот