X
 01.03.2016 Култура

Хималајските села кои преживуваат со канабис

На Хималаите во Индија, мали села преживуваат занимавајќи се со производство на канабис. Ова село е едно од нив. Селото се наоѓа на надморска височина од 2.700 метри и до него се стигнува само пеш.


Селаните велат дека оваа сезона е добра - полицијата се појавила само двапати за да исече растенија. Но, тие растенија се само една капка во океанот. Канабисот расте сам на Хималаите во Индија и речиси е невозможно да се спречи нелегалното производство.





Селаните произведуваат еден од најдобрите хашиши во светот од канабисот во нивната околина. Канабисот е нелегален во Индија, но многу селани започнале да заработуваат од него поради финансиската состојба. Во Индија не постои официјален податок за производството на канабис.





За полицијата е тешко да се најдат произведувачите на канабис бидејќи тие само ги поместуваат полињата повисоко на планината за да избегаат. Илјадници семејства преживуваат од ова, а побарувачката е сè поголема.


Земјата го забрани производството и користењето на канабис во 1985 година.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура