X
 01.03.2016 Живот

Сценарија кои би можеле да се случат во "супер вторник" - најважниот ден од претседателската кампања во Америка

Повеќе од десетина држави ќе гласаат во вторник, а речиси 1.500 делегати се во прашање. Ова е најголемиот ден за претседателските избори во Америка, и тоа би можело да биде од клучно прашање.

 

scecnario


Седум јужни држави ќе гласаат во вторник - Алабама, Арканзас, Џорџија, Оклахома, Тенеси, Тексас и Вирџинија. Тоа значи дека од демократска страна, црните гласачи ќе играат клучна улога. Но за Републиканската партија, тоа значи повеќе социјално конзервативен, порелигиозен електрорат.

Но, не се само јужните држави. Постојат и неколку либерално-до-умерени како Вермонт, Минесота, Масачусетс и Колорадо.

Кои сценарија се можни?

За демократите


1 сценарио: Клинтон победува наголемо, ги освојува гласовите на црните гласачи од јужните држави. Таа го надминува Сандерс во делегати, особено после победата во Тексас кој беше богат со делегати. Сандерс ќе треба и тоа како да се потруди, особено затоа што демократските држави ги доделуваат своите делегати пропорционално. Математиката ќе биде уште попредизвикувачка, ако не и невозможна за Сандерс.

2 сценарио: Сандерс победува во полибералните држави и ја намалува разликата на Клинтон со Афроамериканците и Шпанците, дури и издвојува победа во места како Колорадо и со тоа ја одржува нејзината предност во делегати на минимум од Тексас. Во ваквото сценарио, тој повторно е во трка.

За републиканците

1 сценарио: Трамп има уште еден одличен ден. Може да го победи Круз во Тексас или да дојде блиску во места како Минесота, Масачусетс и Вермонт. Тој ја проширува својата база, повеќе изгледа како очигледен кандидат и му го отежнува патот на Марко Рубио. Тексас е држава во која Круз мора да победи. Ако Трамп го победи во неговата родна земја, тогаш неговата кандидатура колабира.

2 сценарио: Трамп е ранет. Круз освојува барем во некои од јужните држави кадешто бил фаворизиран Трамп, а Рубио добива кај поумерените републиканци и извлекува неколку победи. Се менува приказната. Круз ќе извлече делегати од Трамп, а патот на Рубио станува доста чист.

3 сценарио: Микс помеѓу првото и второто сценарио. Победата на Трамп не е толку голема како во првото сценарио, меѓутоа тој сепак победува. Круз победува во Тексас. Рубио зема неколку победи во поумерени држави. Сите тројца прогласуваат победа и продолжуваат во потенцијално долготрајна трка.

4 сценарио:
Џон Касич го изненадува Рубио во места на кој тој бил фаворизиран во поумерените држави. Трамп се држи, или тој и Круз делат, а работите повеќе се движат во полза на Круз. Ова е сценарио кое има најмалку шанси да се реализира.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот