X
 02.03.2016

Детската книга која е прогласена за маркетинг кампања на годината

Една детска книга во Австралија, која претставува и тест за вид кај децата, е прогласена за најефективна маркетинг кампања во светот.


Австралиската маркетинг агенција „Saatchi & Saatchi“ стои зад книгата „Penny the Pirate“, која има тестови за вид кои изгледаат како слики на страниците на книгата. Книгата била создадена за компанијата ОПСМ, која се занимава со оптометрија.

„Warc 100“, годишното рагнирање на маркетинг кампањи кои ја тестираат ефективноста на рекламите, ја прогласи книгата и апликацијата за најдобра кампања за 2016 во однос на нејзината ефикасност во 2015 година.

Книгата и истоимената апликација, која е достапна бесплатно има повеќе тестови за вид кои им овозможуваат на родителите да ги забележат сите потенцијални очни проблеми на децата додека им читаат приказна. Со книгата може да се забележат три од најчестите очни проблеми кај децата: намален вид на далечина, мешање бои и перцепција на длабочина.

Книгата била објавена во јуни 2014, а била создадена во соработка со илустраторот и автор Кевин Валдрон и Одделот за очни науки на универзитетот во Мелбурн. Од тогаш, над 126.000 родители ја купиле книгата.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk