X
 02.03.2016 Култура

Рекорден број номинирани за Нобелова награда за мир - Кој сe `може да биде победник?

Од рекордни 376 кандидати, 228 се поединци, а 248 организации, наведува Нобеловиот институт.


Оваа година била поднесени рекордни 376 апликации за кандидирање за Нобелова награда за мир, објави вчера Нобеловиот инситут, иако не ги соопштија имињата на кандидатите.

Се верува дека меѓу кандидатите се наоѓаат различни личности, како еден од републиканските кандидати за претседател на САД, Доналд Трамп, а потоа и Едвард Сноуден и поглаварот на Римокатоличката црква. Претходниот рекорд по број на кандидати бил забележан во 2014 година, кога имало 278 кандидати.

- Ова го одразува фактот дека живееме во свет во кој има многу конфликти и кадешто има извесен број процеси кои одат во позитивна насока - изјавил директорот на Нобеловиот институт, Олав Нјолстад.

- Очигледно, ова инспирирало многу луѓе да номинираат некого - додава тој.

Од 376 кандидати, 228 се поединци, а 248 организации, наведува институтот.

Имињата на списокот остануваат добро чувана тајна уште најмалку 50 дена, освен доколку оние кои ги направиле номинациите не ги откријат имињата на своите кандидати.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура