X
 03.03.2016 Култура

Плата од 2.000 долари неделно и дружење со холивудските ѕвезди... Пријавете се!

Од неодамна, Македонија може да ужива во магијата на „Нетфликс“. Иако се популарни во целиот свет, од компанијата секогаш успеваат да нè изненадат во поглед на маркетингот и промоцијата меѓу корисниците.


Најновата понуда од компанијата е 2-неделно патување за 4 корисници на кое корисниците ќе може да ги посетат телевизиските и филмски сетови, да се дружат со холивудските ѕвезди и да добијат плата од 2.000 долари неделно (со сите покриени трошоци за сместување и превоз), а единствените услови се поседување профил на „Инстаграм“ и многу многу среќа.


Така, на својата официјална страница, „Нетфликс“ објави некои основни правила за добивање титула „Grammaster“:

- Следење на @Netflix
- означување на три омилени фотки со #grammaster3 на „Инстаграм“
- да се фанови на телевизијата и филмовите со талент за правење фотографии.

Победниците ќе патуваат две недели и ќе заработуваат 2.000 долари неделно.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура