X
 05.03.2016 Технологија

Скриената игра која се појавува само кога нема интернет

За моментите кога ќе снема интернет, „Google“ има подготвено мала игра со диносаурус. Ако не сте имале можност да ја пробате, среќни сте.


Имено, доколку користите „Google chrome“ и не можете да се поврзете на интернет, постои игра која ќе ве забавува додека не се врати врската. Но, оваа игра може да ја пробате и така што ќе го исклучите интернетот и ќе се обидете да ја освежите страницата.

Кога ќе ви се појави порака дека не може да се поврзете на интернет, само стиснете на „space“ и на вашиот екран ќе се појави диносаурус и играта започнува.

Оваа игра може да ве забавува со часови. Со диносаурусот прескокнувате пречки кои стануваат сè потешки како што напредувате.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија