X
 08.03.2016 Култура

Ќе се гради одморалиште на иднината среде пустина


Еден проект од „Baharash Architecture“ покажува дека дури и најизолираните места и најлошите климатски услови може да бидат искористени за да се создаде мал рај. Моментално е во почетните фази на равој, но постои проект за еколошко одморалиште во Лива, Обединети Арапски Емирати.

И покрај пустинската клима, проектот вклучува користење вода од длабочините на земјата. Тимот кој работи на дизајнот сака да го гради одморалиштето околу извор, кој ќе се користи за чување риба, наводнување растенија итн. Енергијата ќе се добива од соларните панели.

Концептот за проектот е прекрасен, но сè уште не е јасно како ќе пристигнуваат гостите на локацијата, која е среде пустина.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура