X
 08.03.2016 Технологија

Новиот огромен кампус на Apple ќе биде готов годинава: Како изгледа изградбата?


Новиот кампус на технолошката компанија „Apple“ привлече големо внимание за време на својата почетна фаза на дизајн и изградба. Сега преку „Mashable“ добиваме детали и фотографии од новите канцеларии и театарот кој ќе служи за претставувања на идни производи.

За изградбата на кампусот слушавме веќе речиси пет години. Целосната градба ќе биде готова до крајот на годината, а официјалното отворање е закажано за 2017 година.

За изградбата на кампусот компанијата работи со дизајнерски фирми, произведувачи и други продавачи од 19 земји. Во главната зграда ќе работат дури 13.000 работници.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија