X
 08.03.2016 Култура

Основачот на Startup Weekend со работилница во Скопје

Сакате да започнете свој бизнис? Имате потреба од совети и тестирање на вашата бизнис идеја? Или пак сте во почетна фаза на развој на вашиот стартап и сакате да дознаете како најдобро да се претставите пред интернационална пубилка?


Еден од основачите на „Startup weekend“, Френк Нуригат, доаѓа во Македонија директно од Њујорк. „Brainster“ заедно со Програма за претприемништво на Владата на Швајцарија SECO, го носат Френк во Скопје на работилница, која ќе биде одржана утре.

Franck како ко-основач на Стартап Викенд ќе каже: “ Ние направивме промена во светот преку претприемачите кои биле дел од овој ‘настан’ ... Со Clint Nelsen и Mark Nager го креиравме Startup Weekend во 2009 година и транзитиравме во непрофитна организација со цел за создавање на солидна заедница. Денес, ние сме во повеќе земји од Старбакс и имаме повеќе од 10.000 неверојатни волонтери и спонзори кои ги водат нашите локални настани. Startup Weekend алумни успeаа да генерираат повеќе од 140 милиони долари (според angel.co) и го променивме животот на илјадници (во соработка со нашата прекрасна заедница).“


„Brainster“ најавуваат дека на оваа работилница ќе имате можност да дознаете за:

- Научени лекции од искуството со Startup Weekend / Up global / Startup America
- Реална слика за тоа како да се започне стартап бизнис, поддршка и претпоставка за неговата иднина
- Развој на бизнис моделот на вашиот стартап
- Како да ја презентирате вашата идеја/стартап пред интернационална публика
- Интерактивна работилница / што можеме да промениме како заедница

Местата се ограничени и ќе се прави селекција...

Повеќе информации дознајте ОВДЕ.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура