X
 10.03.2016 Живот

Какво време не` очекува овој викенд?



Во Македонија во четврток ќе биде облачно со врнежи од дожд и посвежо. Над 1200 метри врнежите ќе бидат од снег. Во утринските часови во југоисточните, а попладне во источните и североисточните предели врнежите ќе бидат поинтензивни и локално може да наврнат од 20 до 30 литри дожд. Доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 0 до 9 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 4 односно до 13 степени.

Во Скопје во четврток ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 11 степени.

Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, во Охридско-Преспанскиот регион постојат услови за врнежи од дожд. Максималните температури од 8 до 17 степени. Во сабота умерено облачно со сончеви периоди, попладне и навечер продор на влажен бран од југ кој ќе донесе врнежи од дожд, над 1400 метри врнежи од снег. Нестабилно со врнежи од дожд и постудено ќе биде во недела и понеделник, бидејки ќе бидеме под северно воздушно струење. На планините над 1000 метри ќе има нови врнежи од снег. Максималните температури од 4 до 12 односно од 5 до 13 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот