X
 10.03.2016 Образование

Светот има голем проблем

Никогаш досега во историјата не била забележана ваква ситуација - старите луѓе концентрирани во богатите земји, а младите во сиромашните. Големиот број млади става притисок на глобалната економија, поттикнува масовни миграции и остава последици на сè, од брак до пристап до интернет и развој на градовите.


Една четвртина од светското население сега се млади луѓе на возраст од 10 до 24 години. Поголемиот дел од нив живеат во неразвиениот свет, според Обединети Нации. Ситуацијата е најлоша во Индија. Секој месец, околу 1 милион млади Индијци полнат 18 години и започнуваат да бараат работа. Индија е дом на најмногу млади луѓе во светот. Бројот на Индијците на возраст од 15 до 34 (422 милиони) е речиси ист како вкупното население на САД, Канада и Велика Британија.

Овие млади луѓе најчесто имаат повеќе образование од своите родители; тие се поповрзани со светот од било која генерација пред нив; поамбициозни се. Но, многу од нив не можам да добијат работа дома. Милиони се селат, кадешто сè почесто не се добредојдени.

На светско ниво, 2 од 5 млади не работат или работат лошо платена работа со која не можат да избегаат од сиромаштијата, покажува Меѓународната организација за труд. Во неразвиениот свет, повеќето млади луѓе имаат работа која е лошо платена и не нуди легална заштита, а ситуацијата е полоша доколку се земат предвид само жените.


Низ Европа, невработеноста кај младите изнесува 25%, а најголема причина за ова е недостатокот на вештини кај младите за работата која е достапна. Во САД, речиси 17% од оние на возраст од 16 до 29 не се образуваат ниту работат.

Њујорк тајмс“ пишува дека иако од една страна демографски одиме на добар пат: помали шанси за смрт на новороденчињата и подолг живот на старите, како и задолжително образование речиси секаде, според истражување, половина од индиските деца во 5-то одделение не знаат да читаат. Иако одат на училиште, сите не учат.

Во меѓувреме, разликата меѓу генерациите се проширува. Во Германија, средната просечна возраст е над 46, а во Русија 39. Во САД, просечната возраст на населението е над 37, во Индија 27, во Нигерија само 18.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование