X
 11.03.2016 Култура

Чомски: Луѓето во светот треба да бидат престрашени ако Трамп стане претседател

Почитуваниот американски филозоф, лингвист, писател и предавач Ноам Чомски изјавил за американски медиуми дека луѓето во светот би требало да бидат престрашени ако американскиот милијардер Доналд Трамп, претендент за републикански кандидат за претседател на изборите оваа година, биде избран за претседател.


Тој предупредува дека гласот за Трамп би бил глас за тортура, глобално загревање, па дури и нова светска војна.

- Трамп зборува сешто. Нешто од тоа има и смисла. Но, многу од тоа е едноставно лудо. Мора да знаеме дека САД е моќна држава, и ако Трамп навистина го мисли она што го зборува, човековиот вид е во голема неволја - вели Чомски.

Тој додал дека Трамп сигурно би ги блокирал мерките за стопирање на производството во термоелектраните кои посебно ја загадуваат околината. Исто така, предупредил дека Трамп би ги третирал бегалците како проблем на други земји, не на САД.

- Фактот дека би можеле да имаме претседател кој е некаков вид дивјак кој држи прст на детонатор со кој би можел да го уништи светот или да донесе одлуки кои би имале големо влијание, претставува нешто страшно - изјавил Чомски.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура