X
 11.03.2016 Култура

Што се криеше зад иновативниот предизвик кој изминатите 10 дена ги окупираше социјалните медиуми?

Изминатите десетина дена социјалните медиуми во Македонија беа домаќини на еден од најкреативните предизвици кои во последно време сме ги сретнале на интернет.


Имено, хаштагот кој започна да се шири со неверојатна брзина по социјалните медиуми, #‎КадеИдаСиВоOfficeДаСи, ја откри креативноста на многумина кои на интересен начин на своите профили на Facebook и останатите познати друштвени мрежи опишаа и покажаа преку забавен статус, фотографија или краток текст што за нив значи да се слободни и да работат на Office програмите на Microsoft од било каде, било кого и на било кој уред, како десктоп или лаптоп компјутер, смарт телефон или пак таблет.


Имено, Мicrosoft Macedonia, после успешно спроведената кампања кон крајот на минатата година, W101010, во која учествуваа 10 познати личности од Македонија кои 10 дена буквално ги преплавија друштвените мрежи со интересни коментари за новитетите на Windows 10, овојпат реши да направи интересен предизвик кој беше во знакот на Office 365.


Најновата Office верзија ги вклучува сите досегашни програми кои многу добро ги знаеме и ги користиме, кои сега се многу подобрени, овозможувајќи ви да пристапите до сите ваши фајлови било каде и било кога. Со цел таргетирање на што поголема публика на обожаватели Microsoft одлучи новиот Office да биде достапен и за другите оперативни системи како што се конкурентните iOS на Apple како и Android, дури и преку бесплатни мобилни апликации.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура