X
 12.03.2016 Технологија

Зошто големите ИТ компании го намалија бројот на персонал или пак ја напуштија земјава

ит

 


ИТ и технолошките поврзани работни места можат да се најдат во голем број бизнис сектори, од врвните ИТ компании па се` до технолошки консултантските фирми.


ИТ секторот е доста широко поле кое нуди голем број работни места. За овие компании технологијата е центар, и за нив е од особена важност да регрутираат талентирани луѓе, кои постојано ќе придонесуваат за развојот на нивната компанија.

Меѓутоа колку и да сакаме да не биде вистина, сепак, во нашата земја ИТ компаниите не се толку развиени, иако владата има стратегиски цели за имплементација на ИТ технологии во Македонија кои можеби се движат во погрешен правец.

Големите компании имаат тенденција да ја планираат својата структура на долгорочен план, но Македонија не нуди соодветни услови за компаниите да можат да ја планираат својата иднина - нешто што е и тоа како важно за ИТ компаниите. Очигледно со ваквиот несериозен пристап ИТ компаниите од странство ја гледаат нашата земја недоволно зрела и со ужасна бизнис клима за понатаму да вложуваат и да напредуваат нивните компании.

Дали причината треба да се бара во тоа што во Македонија не остана професионален кадар, па компаниите го виделе тоа и одлучиле или да го намалат персоналот?

За оваа прашање својот коментар го дава и Мирослав Крстевски, извршен директор на „DOYEN DATA SYSTEM“.

Во ерата кога Владата на РМ прави огромни напори да привлече странски компании, некои компании го напуштија македонскиот пазар, особено е голем проблем што Република Македонија ја напуштија големи ИТ компании. Компаниите  гиганитe  во ИТ индустријата како што се „IBM“, HP, „SAP“, „Oracle“, „CISCO“, „Lexmark“ и други благодарејќи на нивните македонските партнери кои се членки на МАСИТ отворија свои филијали во Македонија“, вели г-дин Крстевски.

Македонските партнери на големите ИТ компании инсистираа на директна поддршка од нив затоа што Македонија имаше донесено во два наврати стратегии за развој на ИКТ општество усвоени во Собранието на Република Македонија  што отвораше големи перспективи  за реализација на сериозни  проекти. Во меѓувреме се донесоа и така наречени подстратегии кај  некои  државни органи но не дојде до нивна реализација или се реализираа површно и делумно, со што веројатно големите ИТ компании проценија дека македонскиот ИТ пазар и развојни стратегии не се сериозни и едноставно не сакаа да губат време, енергија и ресурси па една по друга донесоа одлуки за затварање на филијалите во Македонија“, додава Крстевски.

Поради тоа компаниите како „IBM“, „Fujitsu“, „Cisco“, „HP“, „Oracle“, „Мicrosoft“ и други ИТ компании го намалија бројот на персонал или пак ја напуштија земјава. Државата мора да преземе нешто за да го пробуди претприемачкиот дух на овие компании бидејќи и тоа како е важно за економијата на Македонија. ИТ компаниите кои моментално работат не се доволни за развивање на овој бизнис сектор, а истите мораат постојано да нудат сериозни проекти бидејќи се соочуваат со исклучително компетитивна инвестициска област.

Освен тоа, државата мора да работи во полза на ИТ компаниите и да им овозможи олеснителни околности на инвеститорите, јавните набавки за ИТ технологијата да бидат транспарентни и јавни, а како што вели Мирослав, законот за јавни набавки претрпе многу измени  и не гарантираше стабилна бизнис клима.

Законот за јавни набавкија стави цената пред квалитетот, на тој начин беше уништена реалната конкуренција на квалитетни производи и решенија . ЗЈН не го промовира принципот на квалитетен производ за најдобра цена, не ја промовира заштитата на инвестираните пари на даночните обврзници. Доколку во голем дел се реализираа Националните стратегии за ИТ развој на Македонија, сигурен сум дека македонските софтверски компании ќе развиеjа апликативни решенија и истите ќе можеа да ги нудат во регионот и да го зголемат извозот на софтвер. Големите ИТ компании беа подготвени за максимална поддршка бидејќи беше и во нивен интерес до дојдат до регионално локални софтверски решенија и да се нудат како комплетни решенија  вклучувајќи ги и нивните палети на производи. За жал, до тоа не дојде , македонскиот пазар доби карактеристика на несериозен пазар и  младите ИТ професионалци заминаа во странство, а продукцијата на нови кадри е слаба и недоволна“, вели Крстевски.

Но, што треба да се направи за овој сектор во Македонија повторно да започне да функционира, па Македонија да започне да добива придобивки?  Очигледно е потребна детална анализа, проценување на досегашните стратегии, откривање дали постои некаков квалитет во она што досега било реализирано, и секако, целосно ново планирање на целите.

Потребна е темелна реконструкција или нов Закон за Јавни набавки како и темелна промена на наставните програми на факултетите за Информатичко комуникациски технолгии насочени кон реален кавлитет и потреби. Македонските ИКТ компани можат многу да помогнат во овој процес, сериозниот пристап кон овој проблем  веројатно ќе ги врати назад големите ИТ компании доколку се уверат во нашите напори и желби“, завршува Крстевски.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија