X
 14.03.2016 Наука

Колку време би траело патувањето низ центарот на Земјата?

патување

 

Канадскиот физичар Александар Клоц успеал да пресмета колку време би било потребно да поминеме низ центарот на земјата, односно низ имагинарен тунел од едната на другата страна на нашата планета.


Научниците со години се заинтригирани колку би траело патувањето низ „гравитациски тунел“, а досега една теорија вели дека би биле потребни 42 минути и 12 секунди.

Но Клоц во своето ново истражување објавено во „American journal of physics“ заштедува неколку минути.

„Бев изненаден кога го видов резултатот. Значи, со оглед на тоа како е структурирана Земјата, гравитацијата полека се зголемува како што се приближуваме до нејзиниот центар, додека во самиот центар гравитацијата е нула“, пишува Клоц.

Откако ја зел во предвид густината на слоевите на Земјата, тој пресметал дека патникот би патувал со брзина од 8 километри во секунда, што е 23 пати побрзо од брзината на звукот. Патувањето би траело точно 38 минути. Имајќи ја во предвид позицијата на земјите на планетата, тоа би значело дека многу побрзо би патувале помеѓу Велика Британија и Нов Зеланд, отколку меѓу Велика Британија и Мароко.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука