X
 15.03.2016 Здравје

Нов начин кој ќе им помогне на луѓето да се откажат од пушењето

Секој кој се обидува да се откаже од цигарите знае колку е тоа тешко. Можете да се обидете се` што е на располагање: џвакање никотински мастики, пушење електронска цигара и слични методи, меѓутоа познато е дека никотинот е една од најпознатите зависни супстанци за човекот.

 

пушење


Ако спаѓате во оние 75% од луѓе кои после 7 месечно откажување повторно се враќаат на цигарите, имаме добри вести. Научниците создадоа никотинска вакцина која се покажува поефикасна од останатите методи.

Вакцините функционираат на тој начин што го „тренираат“ вашето тело да ги нападне молекулите на никотин пред да стигнат до мозокот, со што го минимизираат нивното влијание. Додека претходните испитувања се покажаа неуспешни, тие откриле дека пушачите кои произведуваат највисоки нивоа на антитела против никотинот имале најголема веројатност да поминат 6 месеци без цигари.

За формулата потребна е ревизија пред да биде подготвена за потенцијални клинички испитувања, но секако, ова е позитивен чекор напред. Исто така, може да ја отвори вратата за идејата за користење на вакцини за лекување од други зависности.

Совети за откажување од пушењето

● Одлучете се за датум за откажување од цигарите и држете се до тоа. Направете го тоа порано.

● Направете листа на причини поради кои сакате да се откажете од цигарите. Секој пат кога сте во искушение да запалите цигара, погледнете ја листата.

● Однапред подгответе се за ситуации во кои можете да бидете во искушение да пушите, како што се забави со алкохол. обидете се да ги избегнете овие ситуации во раните фази на откажување.

● Фрлете ги сите цигари, пепелници и запалки.

● Ако членовите од вашето семејство пушат, поттикнете ги и тие да се откажат или да пушат кога не сте во нивна близина.

● Не прескокнувајте оброци.

● Ако имате пријател/ка кој/а пуши, ветете си заедно дека ќе се откажете. Можете да се мотивирате еден/една со друг/а.

● Наградете се себеси. За секоја успешна недела или успешен месец, наградете се со добар оброк или масажа. Заслужувате.

● Ако не успеете и запалите цигара, не е крај на светот. Некогаш потребни се неколку обиди за да се откажете засекогаш. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје