X
 15.03.2016 Култура

Замокот кој бил инспирација за "Заспаната убавица"


На почетокот на шумата Шинон во близина на реката Индре во Франција се наоѓа замокот Усе. Замокот бил првично изграден во 11-от век како тврдина, но во 15-от век станал дом и дијамант на ренесансната архитектура.

Во овој замок престојувале познати имиња, меѓу кои Волтер и Шарл Перо. Перо бил француски писател кој ги измислил модерните бајки. Неговиот престој во замокот ќе остане овековечен засекогаш бидејќи градбата го инспирирала авторот да ја напише својата бајка „Заспана убавица“.

Денес, замокот го поседува семејство кое директно потекнува од Војвотката Дурас Дориер, која го купила замокот во 1802 година. Последните две децении, во замокот има кукли облечени во костуми од 18-от век.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура