X
 16.03.2016 Наука

Дали би прифатиле да направите психолошки тест при аплицирање за работно место?

rabota

 

По професија сум индустриско-организациски психолог. Ако изберам, ќе бидам квалификуван да развивам и управувам со психолошки тестови за кандидати за работа. Се` додека тестовите се разумно валидни и веродостојни - и се обезбедени такашто нема да се неправедно пристрасни против заштитените групи, тие ќе бидат легални. Голем број на компании користат вакви тестови за да ги тестираат кандидатите и да ги оценат нивните вработени за возможно унапредување.


Сепак, во никој случај јас не би направил тест при аплицирање на работа. Пред да објаснам зошто, дозволете ми да направам разлика помеѓу психолошки тест и два други типови на тестови поврзани со вработување, на кои не се противам: тестови за когнитивна способност и тестови за мануелни вештини.

Тестовите за когнитивна способност го мери знаењето и способноста за расудување. Може да ве прашаат дали знаете да ја пресметате продажната цена на некој предмет кој чини 6.75 долари на големо и продава со 33% маржа. Може од вас да биде побарано да да направи листа од имиња според азбуката. За одредени видови на професии, вредноста на тестовите за когнитивната способност да ги селектира неквалификуваните кандидати е очигледна.

Исто така, тестовите за мануелни вештини има за цел да ги елиминира од предвид сите оние кандидати кои можат да ги извршуваат основните работни вештини. На пример, додавање на финансиски податоци на калкулатор со 10 бројки во одредена временска рамка или промена на мастилото на печатарска преса - ова се примери за мануелни вештини.

Психолошките тестови се различни бидејќи тие „ѕиркаат“ во најдлабоките мисли, стравови, желби и несигурности. Ако направите ваков тест за сопствена корист - на пример, како дел од третман кај терапевт, тогаш психолошките тестови се соодветни. Но, ако непознати личности од мене бараат да ми „ѕиркаат“ во душата за нивна корист, тогаш јас би рекол не. Имам многу забелешки за овие тестови кога се користат за скенирање на кандидати за работа.

- Освен ако не сум запознаен со тестот, како ќе знам дека е валиден и сигурен? Кој ги толкува резултатите од тестот и како ќе знам дека личноста е компетентна за тоа?

- Кој ќе има пристап до резултатите?

- Што се обидувате да откриете за мене преку овој тест што не можете да го откриете преку помалку наметливи методи?

- Како резултатите од тестот ќе бидат искористени за оценување на моите квалификации?

- Како ќе знам какво влијание резултатите од тестот би имале врз шансите за вработување?

Присилно е, бидејќи не постои опција вработените да се откажат од тестирањето и се`уште да бидат кандидати.

И мојот број еден приговор...

Во интерес на транспарентноста, зошто да не ги споделите резултатите од тестот со мене? Ако мојот психолошки профил не е моја работа, тогаш сигурно не е и ничија работа.

Живееме во време кога голем број работодавци чувствуваат дека имаат право да ги знаат лозинките од профилите на социјалните мрежи на нивните вработени. Според Друштвото за управување со човечки ресурси, ова стана доволно значајно прашање поради кое повеќето држави сега им забрануваат на работодавците да ги бараат лозинките од профилите на социјалните медиуми како услов за вработување. Вашите приватни мисли и чувства заслужуваат барем мала заштита како и вашите профили на социјалните медиуми.

Аргумент кој често е во поддршка на психолошко тестирање во човечки ресурси е дека компаниите и организациите имаат легитимен интерес за на една личност да им обезбедат добро работно место во кое ќе можат да се вклопат. Се согласувам дека тоа е важно, со две ограничувања.

Прво, интересот на комапнијата во одржување на добро работно место и добра работна средина не одговара на колективниот интерес за нашата приватност и почитување на личните граници.

Второ, свесен сум за случаите во кој работното место и вклопувањето во средината се користат за на вработените да им кажат дека не се соодветни за организациската култура. Мислам дека компаниите и организациите треба да се осигураат дека се соодветни средини во кои нивните вработени ќе можат да работат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука