X
 17.03.2016 Култура

Кое е најчестото презиме во Македонија?

Јакуб Маријан, чешки лингвист, математичар и уметник успеал да создаде инфографик на кој ги претставува најпопуларните презимиња во Европа.

 

1


На пример, најпопуларното презиме во Велика Британија е презимето Смит, кој произлегува од браварската индустрија, во споредба со најпопуларното презиме во Македонија Стојановски, што значи синот на Стојан.

Инфографикот го поделил на две мапи. На едната мапа прикажува кои се најчестите презимиња, додека на другата го прикажува нивното значење.

 

prezime

 

„Во основа поминав доста време истражувајќи на Google, и обидувајќи се да пронајдам статистика на јазикот кој го зборувам (очигледно не можам да ги зборувам сите јазици презентирани на мапата), па така пребарував и низ речници.

Статиите од Википедија ми беа почетна точка, но голем дел од записите немаа извор или едноставно беа погрешни, па барав други примарни извори“, вели Маријан.

Кога тој ги пронашол точните презимиња, морал да пронајде соодветни преводи, а тоа го направил преку онлајн истражување и преку етимолошки и генеалошки речници.

За жал, она што можел да го најде било неточно или нецелосно.

„За среќа моите читатели од секаде низ светот беа од вистинска помош, па ми ги покажаа неточностите“.

Она што за Маријан било доста интересно е дека Исланд се`уште работи под татковски систем. Тоа значи дека презимето на детето е определено од првото име на неговиот татко. Ова е единствената западна држава која не го сменала системот со систем за семејно име за кој ние знаеме.

Пред многу години овој систем бил чест во нордиските земји, а како резултат на тоа повеќето семејни имиња во Данска, Норвешка и Шведска завршуваат на -сон, -сен, што е еквивалентно на син на македонски.

Друго нешто доста интересно за Маријан било тоа што најчестото презиме во Словачка е унгарскиот збор за Хрват („Croat“), кој е пак збор позајмен од хрватскиот јазик. Доволно чудно, постојат 30 пати повеќе луѓе со „Croat“ во нивното презиме отколку етничките Хрвати во Словачка.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура