X
 17.03.2016 Технологија

"Најопасната" апликација во светот

Апликација која ви ја брише целата работа доколку во текот на пишењето направите пауза подолга од 5 минути би можела да се нарече „садистички пронајдок“.

 

апликација


„Немојте да престанете. Доколку престанете да пишувате повеќе од 5 минути, целиот труд ќе ви биде избришан“.

Вака гласи упатството за употреба на „The Most Dangerous Writing App“, нова веб алатка дизајнирана со цел да ве поттикне што побрзо да ја завршите работата.

Апликацијата која е бесплатна, е дело на Мануел Ерберт, кој себеси на Твитер се опишува како „поранешен невролог, собирач и организатор на податоци, дизајнер и инженер“.

Не е важно која техника ќе ја користите, се` додека постојано пишувате. Алатката за форматирање на текст не постои - површината е чиста и прегледна, што укажува на тоа дека апликацијата е наменета исклучиво за пишување.

Можете да изберете дали да пишете 5, 10, 20, 30, 45 или 60 минути. Доколку се вројувате меѓу луѓе кои најдобро функционираат под стрес и оние кои се најпродуктивни „во 5 до 12“, оваа апликација е идеална за вас.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија