X
 20.03.2016 Култура

Не можете да се сетите на името на филм? Постои решение

Тим од Финска создаде интернет страна за која тврдат дека е првиот описен пребарувач за филмови - оваа страна ги решава проблемите со кои сме сите соочени кога не можеме да се сетиме на името на некој филм.

 

филм


Отсекот Валос, сместен на Универзитетот Оулу во Финска, добил 640.000 долари од инвеститорите за да ја создаде страната whatismymovie.com, односно описен пребарувач за видео материјал кој овозможува природна, опширна и флексибилна можност за пребарување“ со гласовна функција на филмските услуги и забавна платформа, на сличен начин како „Shazam“ функционира за музика.

Технологијата ги анализира видео преносите во реално време и идентификува повеќе од илјада поими (место, предмети, луѓе и слично) од било кој видео пренос, кој овозможува автоматизирано создавање на сцени врз основа на описни метаподатоци. Она што треба да го направите е да напишете во пребарувачот одреден израз и ќе ви се појават неколку предлози на филмови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура