X
 21.03.2016 Наука

Научниците работат на терапија која ги враќа спомените кај пациентите со Алцхајмерова болест

Користејќи удари на сина светлина, научниците успеале да „извлечат“ заборавени спомени од мозокот на глувците кои покажувале почетна фаза на Алцхајмерова болест. Оваа терапија нуди нови индиции за тоа како мозокот се справува со спомените и како тој процес може да оди во погрешна насока.

 

болест


„Резултатот обезбедува теоретски механизам за повторно оживување на старите, заброавени спомени“, вели неврологот АрашСалардини, од медицинското училиште при универзитетот Јеил. Манипулациите со меморијата, како што е пронаоѓање на изгубените спомени и создавањето на лажни спомени некогаш биле научна фантастика за човекот. Но, овој експеримент и уште неколку други истражувања сега ги реализираат овие подвизи, барем кај глодарите.

За да се поврати изгубената меморија, научниците прво морале да ја означат. Неврологот Сусуму Тонегава од Институтот за технологија во Масачусетс заедно со неговите колеги создале систем за обележување на специфичните нервни клетки кои ја чуваат меморијата - во овој случај, поврзаност помеѓу одреден кафез и шок. Вирусот доставен во генот за протеин кој им овозможил на истражувачите да ја контролираат оваа колекција на нервни клетки за одржување на спомените. Генетското повлекување на клетките предизвика тие да испуштат сигнали како одговор на сината светлина од ласерот, дозволувајќи им на Тонегава и неговите колеги да ја „повикаат“ меморијата со светлина доставена преку оптичките влакна вградени во мозокот.

Еден ден после добивањето на шок во посебен кафез, глувците кои носеле два гена поврзани со Алцхајмерова болест заборавиле на ова доживување; кога биле ставени назад во кафезот, тие не се чинеле толку исплашени без гените поврзани со Алцхајмер. Но кога научниците ја искористиле светлината за да ги вратат нивните спомени, тоа предизвикало глувците да се исплашат во различен кафез.

Фактот дека меморијата може да биде извлечена со помош на светлината го разјаснува изворот на проблемот со меморијата кај луѓето со Алцхајмерова болест. Во овој експеримент глувците прикажале способност да формираат и складираат меморија, но не и да се сетат на неа. „Не е проблемот во складирањето, туку во пронаоѓањето на меморијата“, вели Тонегава.

Понатамошни експерименти со глувци покажаа дека меморирањето на стравот може да биде зајакнато со принудување да се појави повеќе пати. ТОнегава предупредува дека резултатите се експериментални. „Не направивме ништо со што би можело да се излечат пациентит со Алцхајмер“, вели тој. И методите се`уште не се соодветни за луѓето.

Но, увидот стекнат од овој експеримет, помагаат да се разјани како меморијата функционира кај луѓето.

„АКо можеме да сфатиме како процесот на враќање на меморијата е компромитиран и каде е оштетен, тогаш ќе можеме да започнеме да развиваме третмани насочени кон тие процеи“, вели Кристин Дени од Универзитетот во Колумбија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука