X
 21.03.2016 Култура

Што се случува кога "Game of thrones" ќе пристигне во некој град?

За жителите на Осуна, „Game of thrones“ е повеќе од серија - за нив тоа е важен дел од нивната историја.

 

1


HBO го избра ова мало шпанско гратче, со население од 18.000 како сет за една од најклучните сцени на петтата сезона. На екран, рингот за борба со бикови стана масивна арена слична на Колосеумот во кој Денерис избега на грбот на змејот.

Шпанија беше особено погодена од глобалната финансиска криза, па од тогаш се`уште се бори да закрепне. Кога серијата започнала да снима во ова гратче кон крајот на 2014 година, стапката на невработеност на Осуна била 34%, а била домаќин на само 15.000 туристи годишно.

 

2


Но денес, после помалку од две години, туризмот се зголеми на 75%, а жителите на Осуна за тоа и` се заблагодаруваат токму на серијата. Тие прават се` што можат да заработат од популарноста на серијата.

Локалниот музеј создаде нова изложба посветена на „Game of thrones“ на која можете да купите сувенири, а тоа е овозможено да го направите и онлајн. Како резултат на тоа, нормалниот тек од 1.000 посетители месечно, скокна на 3.000 посетители.

Исто така, ресторанот „Casa Curro“ создаде мени во чест на „Game of thrones“. Менито вклучува осум јадења, како на пример „Khaleesi“ (салата од спанаќ со суви домати и авокадо), „Melisandrе“ (чаден лосос, сирење и мармалад од малина) како и „Lannister“ (месо од срна со црно пиво).

 

2

3


Но, според шпанските стандарди (земјата е генерално луда по „Game of thrones“), жителите на градот беа изненадувачки смирени и ја почитуваа приватноста на актерите.

„Ова е рурален град, никој не знаеше за серијата. Емилија Кларк славеше роденден во еден бар, и немаше ниту една фотографија! Замислете го тоа“, вели туристичкиот водич Алехандро.

Со ова се поставува прашањето: Зошто серијата одлучи да посети град со речиси никакво познавање за серијата?

Продуцентот Данкан Магоч е еден од избраните луѓе кои ги избираат локациите на снимање. Тој вели дека навидум непознатите детали може да се доста важни - еден ваков детал му помогнал да го обезбеди Осуна како место за снимање во петтата сезона.

 

4


„Не можевме да пронајдеме добро место за борба во Хрватска. Но, рингот за борба со бикови во Осуна беше совршен, бидејќи како и повеќето згради во градот, беше изграден од жолт камен. Каменот се совпаѓаше со бојата на Мерин. Доколку не пронајдевме, ќе мораше самите да пронајдеме, а можеме да си дозволиме да напрвиме 10 импресивни сетови на сезона. Сакавме во Шпанија да поминеме поевтино“, вели продуцентот Магоч.

Наводно серијата може да се пофали со буџет од околу 6 милиони долари по епизода, но цената се`уште е значаен фактор. Градот Осуна им го дава бесплатно рингот на користење, се` додека го вработува локалното население како статисти.

Официјалните лица на градот Осуна веќе работат на нов проект. Тие сакаат да создадат виртуелна реалност - искуство со летечки змеј, кое ќе им овозможи на посетителите да ја видат арената преку очите на Денерис на грбот на змејот. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура