X
 24.03.2016 Живот

Ѓубре мое, што да ти правам?

Да, тапа сме. Фрламе отпадоци насекаде! Ги фрламе сите отпадоци заедно на едно место и оние најтоксичните и оние кои се богато ѓубриво за растенијата. Што може секој/а од нас, дома или на работа, сам/а да направи во отсуство на квалитетно системско решение? Дали системското решение колку и да биде добро замислено и првично поставено (а не е!), ќе функционира без постоење на свест за важноста за селекцијата и рециклирањето на отпадот?



Шведска само 1% од отпадот го фрла на депонии! Кога ќе сретнеме вакви статии на социјалните мрежи се воодушевуваме. Но, веднаш потоа, по вечерата во корпата за ѓубре ги фрламе заедно: пластичното шише, остатоците од вечерата, талогот од филџанот кафе и празните батерии од далечинското. Изговорот вообичаено е „што да правам, нема каде да фрлам!“ Тоа не е точно! Со многу малку труд, голем дел од отпадоците можат „умно“ да завршат онаму каде што нема да влијаат или минимално можно ќе влијаат на здравата животна средина.

Дали знаете колку време му е потребно на стаклото да се распадне? – Ќе ги опфатиме различните типови отпад и нивното влијание на средината.

Сте ги виделе ли специјализираните контејнери за отпад низ Скопје? Дали знаете каде завршуваат нашите селектирани PET шишиња? – Ќе ја опфатиме состојбата со селектирањето и рециклирањето на отпадот во Скопје, Македонија и светот.

Дали знаете дека не секоја пластика е иста? Не секоја пластика се селектира и рециклира. Не секоја хартија треба да заврши во корпата за хартија. – Ќе ги опфатиме најчестите грешки во селектирањето на отпадот.

Дали знаете за концептите рециклирај, редуцирај, реупотреби (recycle, reduce, reuse/upcycle)? Најдобро справениот отпад е оној кој не е воошто создаден. – Ќе се запознаеме со тоа како може да го намалиме создавањето на отпадот, но кога веќе сме го создале, како можеме да го употребиме за сосема друга практична намена.

Дали знаете дека од органските отпадоци што секојдневно ги фрламе, наместо да завршат во Дрисла, можеме да направиме најквалитетно ѓубре за нашата градина или саксии? За тоа не ни требаат никакви посебни услови, не ни треба голем простор, можеме да го направиме во мал дел од кујната во мал стан. – Ќе се запознаеме со vermicomposting – компостирање со црви.

Во работилницата ќе бидат опфатени практични вежби кои ќе опфатат некои од гореспомнатите теми.

Во просториите на ЛД Солидарност има специјализирани корпи за хартија, PET, батерии, метал и електронски отпад во кои слободно можете да го фрлите соодветниот отпад при било која посета.

Фотографиите од настанот се од Грег Сегал – серија фотографии „7 дена во своето ѓубре“.

Настанот е поддржан од програмата Цивика Мобилитас.


Почеток 12:00 - 15:30, 26.03.2016 (сабота)

Предавачи:
Блаже Јосифовски – Let's do it Macedonia - Ајде Македонија
Васко Цацаноски – Левичарско движење Солидарност

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот