X
 24.03.2016 Живот

Менталтен трик на олимписките спортисти што радикално ќе ви ја зголеми продуктивноста

трик

 

Ова лето во Рио де Жанеиро, не` очекуваат инспиративни атлетичари кои ја прикажуваат нивната физичка спремност. Но, она што нема да можеме да го видиме е менталната работа која стои позади достигнувањата на овие спортисти.


Сите знаат дека учеството на Олимписките игри бара натчовечка посветеност и физички тренинг, но и ментална дисциплина. И додека повеќето од нас нема шанси да стигнат до физичките вештини на елитните спортисти, голем број професионалци успешно ги позајмуваат менталните трикови на олимписките спортисти за радикално да ја зголемат нивната продуктивност.

Во неговата книга „Smarter Faster Better: The Secrets of Being Productive in Life and Business“, авторот Чарлс Дуиг дискутира за техниките на визуелцизација кои им помагаат на гимнастичарите да ги извршат неверојатните резултати и да имаат врвни перформанси. Очигледно, прегледот на задачите во вашиот ум пред да ги извршите има голема корист не само за спортистите, туку и за сите нас.

„Вашиот мозок треба да одлучи што заслужува внимание и што заслужува да биде игнорирано, а начинот на кој го прави е споредба на она што очекуваме да се случи со она што навистина се случува“, вели Чарлс. Кога го визуелизирате вашит ден пред да го започнете, му олеснувате на мозокот да ги исфрли неважните информации и да се посвети на важните.

Оваа едноставна, но моќна ментална подготовка го тера нашиот мозок да биде во можност да обрне внимание на вистинските нешта.

„Техниката не само што функционира кај врвните спортисти и им помага да го одржуваат нивниот фокус, туку исто така се користи од луѓе кои работат во многу хаотични и стресни ситуации“, вели блогерката Мелиса Дал.

Според Дал оние кои успеваат да се контролираат под притисок се раскажувачи. Тие самите себеси си го раскажуваат сопствениот живот - работите кои само што се случиле, работите кои треба да се случат. Тие мечтаат за денот напред и ги прегледуваат часовите кои веќе поминале. Со ова тие учат како најдобро да го насочат нивното внимание и се подобри во изборот на што да се фокусираат и што да игнорираат.

Дуиг предлага да го трошите времето додека патувате на работа замислувајќи го вашиот ден, предивдувајќи што би можело да се случи и што би сакале да се случи - чекор по чекор. На овој начин, кога нешто ќе тргне во погрешна насока, вие ќе го забележите брзо и ќе можете да го споредите со сценариото во вашата глава.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот