X
 24.03.2016 Наука

Метаболизмот на мозокот ја предвидува флуидната интелигенција кај младите луѓе

inteligencija

 

Здравиот мозок е од клучно значење за когнитивните способности на една личност, но мерењето на здравјето на мозокот може да биде комплициран потфат. Едно ново истражување од Универзитетот во Илиноис објавува дека здравиот метаболизам на мозокот одговара со флуидната интелигенција - мерка за способноста да се решат необични или сложени проблеми - ова е пронајдено кај младите луѓе.


„Флуидната интелигенција е една од најкорисните когнитивни мерки на располагање“, изјави докторот на науки Аки Николаидис, кој го предводел истражувањето со Рајан Ларсен, истражувачки научник од Бекман Институтот за современи науки и технологии.

„Овој домен се однесува на задоволството од работата и нивото на платата на поединецот, помеѓу другите резултати од реалниот свет“, вели Аки Николаидис.

Истражувачите ја измериле концентрацијата на молекулите Н-ацетил аспартат, познат маркер за метаболичка активност во мозокот, користејќи магнентна резонанца спектароскопија. Потоа Николаидис се осврнал на врските помеѓу концентрациите NAA во различни региони на мозокот и флуидната интелигенција.

„MR спекторскопијата ни овозможува да одиме подалеку од едноставното снимање на структурите на мозокот. Таа ни овозможува да добиеме слика за капацитетот на мозокот да произведува енергија“, вели Ларсен.

Претходните истражувања кои се однесуваат на MR спектроскопијата се недоследни. Едно објаснување може да биде тоа што истражувачите не успеваат да ги прикажат сите релевантни фактори кои се однесуваат на спознанието, вклучувајќи ја големината на мозокот во нивните анализи. Една од целите на ова истражување беше да се справи со овие претходни противречности.

„Сакавме да направиме подефинитивно истражување со големи примероци и со повисок квалитет на методолошкиот пристап за стекнување на податоци“, рече Николаидис. Истражувачите беа во можност да создадат подетална мапа на NAA концентрација во мозокот отколку претходните истражувања.

Тимот откри дека NAA концентрацијата во оваа област поврзана со моторните способности во фронталниот и париеталниот кортекс е директно поврзана со флуидната интелигенција, но не и со други тесно поврзани когнитивни способности. Моторните региони на мозокот имаат улога во планирањето и визуелизацијата на двжиењата, како и нвиното носење. Менталната визуелизација е клучен елемент на флуидната интелигенција.

Истражувачите заклучиле дека флуидната интелигенција зависи од метаболизмот на мозокот и здравјето на луѓето. Иако вкупната големина на мозокот е генетски определена и не се менува лесно, нивото на NAA и метаболизмот на мозокот може да одговори на здравствените интервенции, вклучувајќи исхрана, вежбање и когнитивна обука, вели Николаидис.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука