X
 24.03.2016 Култура

Што прави Google maps со границите кои не се признаени од сите држави?

Дали „Google maps“ ги покажува националните граници или ги создава? Кои се политичките и легалните постапки кога една земја не се согласува со мапата? Токму тоа се истражува во ново истражување наречено „Google's world“.


Авторот Итан Р. Мерел посочува дека „ако една граница е проблем од две или повеќе земји, границата која се гледа на мапите ќе биде различна за земјата А кога се гледа од внатрешноста на земјата, и различна за земјата Б кога се гледа оттаму“.

Мерел објаснува дека овие различни верзии на мапи за различни корисници би можеле да бидат основа за конфликт. Тој вели дека методологијата на „Google“ за поправање на своите мапи според корисниците не е правилно и не одговара на традиционалните правила за создавање мапи.“

Имено, мапите се менуваат според верувањата и законите на секоја земја, па така тие не покажуваат една и објективна реалност, туку покажуваат повеќе перспективи од светот.

PopSci“ дава пример за правна постапка отворена поради „Google maps“ меѓу Костарика и Никарагва, откако била забележана грешка во границата на мапата.

Авторот на истражувањето, Мерел, смета дека е потребно вмешување на организација со моќ и големина во рамки на Обединети Нации да ги реши конфликтите кои се јавуваат во ваквите ситуации.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура