X
 25.03.2016 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време не` очекува на почетокот од наредната недела?



Во раните утрински часови услови за слаби врнежи од дожд и снег ќе има во западните и југозападните предели, а над 600 метри врнежите ќе бидат само од снег. Во претпладневните часови намалување на облачноста и во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури ќе се движат во интервал од -3 до 4 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 2 до 13 степени.

Во Скопје во петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, студено и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 2 степени, а максималната дневна ќе достигне до 10 степени.

Во Македонија во сабота студено утро со утрински температури од -5 до 2 степени. Во текот на денот претежно сончево со локална облачност и максимални температури од 7 до 16 степени. Во недела во утринските часови умерено облачно затоа и повисоки утрински температури, во текот на денот претежно сончево и топло со температури од 8 до 17 степени. Во понеделник умерено облачно со сончеви периоди и дневни температури од 10 до 19 степени. Во вторник претежно сончево со локална облачност и дополнителен пораст на температурите кои ќе бидат повисоки од просечните и ќе се движат од 13 до 22.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот