X
 25.03.2016 Образование

Запознајте го Жарко Данилоски - добитник на награда од Министерството за одбрана на САД

Жарко Данилоски, докторанд во лабораторијата „Smith“, е добитник на награда за истражување во областа на ракот во кое се обидува да разбере како специфични мутации на гени играат улога во појавата и напредокот на ракот.


Институтот за биомолекуларна медицина „Skirball“ пишува за наградата која ја доби Жарко. Данилоски, кој има само 25 години, дипломирал на универзитетот „Jacobs“ во Германија, во областа на биохемијата и клеточната биологија. По дипломирањето, тој продолжил со студиите на институтот „Sackler“ како докторанд.

Тој го спроведува своето истражување во лабораторијата „Smith“. Наградата, која се доделува во рамки на програма за истражувања во областа на ракот, беше доделена на 28 последипломски или последокторски кандидати од областа.

Со наградата се доделува финансиска помош за поддржување на истражувањата за дополнителна година.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование