X
 27.03.2016 Образование

Интернет-страници каде може да најдете шаблони за CV

Кога станува збор за пријавувањето за работа, имате само една шанса, а тоа е вашата професионална биографија, односно CV. Солидното CV може да ја донесе работата од соништата.


Треба да се знае дека работодавците добиваат многу CV-а при секој оглас за работа, а понекогаш може да имаат стотици пријавени кандидати. Како да се издвоите токму вие меѓу сите тие кандидати? Пронајдете го совршениот изглед за вашето CV на некоја од следниве интернет-страници.

Primer magazine

Овде може да најдете десетина бесплатни шаблони за користење, а на интернет-страницата има и совети за составување совршено CV.

Creative market

На оваа интернет-страница има над 1.600 шаблони за CV од независни графички дизајнери. Таму може да најдете CV за креативни работи, за традиционални области или уникатни и наменети за специфични работи.

Graphics fuel

Овде може да најдете шаблон во формат за обработка во „Фотошоп“. Ова е за оние кои сакаат да бидат помодерни и уникатни и да ја претстават својата професионална биографија на визуелен начин преку инфографик наместо традиционално CV.

The Muse

Оваа интернет-страница нуди листа од 41 најдобри шаблони за CV досега дизајнирани. Тука ќе најдете традиционални идеи и модерни и уникатни пристапи, но има по нешто за сечиј вкус.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование