X
 28.03.2016 Образование

Детскиот автор и педагог кој трипати се откажал од животот поради децата

Јануш Корчак е познат полски едукатор, автор на детски книги, доктор и социјален активист, но пред сè неверојатен човек и херој. Пред Нацистите да ја окупираат Полска, Корчак планирал да се пресели во Палестина. Во тоа време, тој работел како директор на сиропиталиште и не можел да ги напушти децата под негова грижа и да ги остави во Варшава. Тој одлучил да остане со децата и да се соочи со страшните настани кои ќе следуваат заедно со него.


Во 1942, кога Нацистите започнале да ги убиваат Евреите во гето во Варшава, тој имал втора шанса да го спаси сопствениот живот. Но, кога му била дадена шанса да избега, тој одбил да си замине. Тој повторно одбил да ги напушти децата кога стигнал момент кога тие биле испратени во концентрационен камп. Еден војник го препознал авторот и сакал да го ослободи бидејќи ја читал неговата книга како мал, но тој одбил бидејќи не сакал да ги остави децата.

Корчак и децата биле однесени во Треблинка, еден од најстрашните кампови на Нацистите. Таму, авторот им раскажувал приказни на сирачињата за да им го одвлече вниманието од несреќните мисли и стравот. Корчак бил силна личност и прекрасен наставник кој одбрал да остане со своите деца до крајот.

За да го комплетираме портретот на Корчак, може само да ги споделиме неговите најмудри лекции од неговите педагошки книги.

1. Не очекувајте вашите деца да ги исполнат вашите амбиции. Помогнете им да станат она што се, не она што вие сте.

2. Не очекувајте вашето дете да ви врати сè што сте инвестирале во него. Сте му го дале неговиот живот, како може да ви врати? Тој ќе го даде својот живот на друг, а потоа на друг и ова е непроценлив доказ за благодарност.

3. Не го насочувајте вашиот гнев кон детето и ќе одбегнете разочарување подоцна во животот. Жнеете она што сеете.

4. Не ги осудувајте проблемите на вашето дете. Сè во животот се добива според способностите за управување. Запомнете, детскиот живот е исто толку тежок и може да биде и потежок од вашиот бидејќи детето нема животно искуство.

5. Никогаш не го омаловажувајте вашето дете!

6. Не заборавајте дека најважните средби во животот се нашите средби со децата. Обрнете повеќе внимание на нив, бидејќи никогаш нема да се знае на кого ќе се најде во тоа дете.

7. Не се обвинувајте доколку нешто не можете да направите за вашето дете. Запомнете, никогаш не сте направиле доволно доколку не сте направиле сè што можете.

8. Детето не е тиранин кој го презема вашиот живот. Тоа не е само ваша крв и месо. Тоа е скапоцен живот кој ви бил даден за да може да го запалите креативниот оган. Тоа е декларација за љубов споделена меѓу двајца и од моментот на неговото раѓање, не воспитуваат само дете, туку и жива душа.

9. Научете да сакате нечие дете. Никогаш не се однесувајте со нечие дете на начинот на кој не би сакале вашето дете да биде третирано.

10. Сакајте го детето без разлика што и кое е - дури и ако не се толку талентирани или успешни како возрасен. Радувајте се на комуникацијата со нив, бидејќи едно дете е слава на животот која секогаш е со вас.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование