X
 28.03.2016 Наука

Хокинг предупредува на закани за човештвото кои не смееме да ги игнорираме

Стивен Хокинг е познат по неговите проучувања на црните дупки и гравитациската сингуларност, но исто така тој редовно го предупредува човештвото на опасностите кои му се закануваат.

 

hoking


Тој вели зборува за три работи кои можат да ја уништат човечката цивилизација.

Вештачката интелигенција

Хокинг е дел од мала, но растечка група на истражувачи која е загрижена поради „силната“ вештачка интелигенција - интелигенцијата која би можела да ја надмине онаа на човекот.

„Развојот на вештачката интелигенција може да значи крај за човештвото“, вели Хокинг.

За истото предупредување зборува и Илон Маск, директор на „SpaceX“ и „Tesla Motors“ кој смета дека вештачката интелигенција е „голем егзистенцијална закана“ за човештвото. Минатиот месец, Хокинг, Маск и дури научници и технологи напишаа отворено писмо во кое предупредуваат на опасност од вештачката интелигенција.

„Поради големиот потенцијал на вештачката интелигенција, од исклучително значење е да се истражува како можат да се искористат придобивките, а како да се избегнат потенцијалните опасности“, се вели во писмото. Но, голем број научници и експерти кои ја развиваат вештачката интелигенција велат дека не сме ни близу за да можеме да направиме доволно „паметна“ вештачка интелигенција. За сега.

Човечката агресивност


Хокинг смета дека човечката агресивност може да ја уништи цивилизацијата. Хокинг заедно со наставничката Адаезе Уанвах додека гостувале на Природнонаучниот музеј во Лондон, таа го запрашала Хокинг: „Која човечка маана би сакале да ја промените?“

„Агресијата. Можеби била корисна во времето кога сме живееле во пештери: за да добиеме повеќе храна, да окупираме поголема територија или да освоиме партнер, но сега агресијата се заканува дека ќе не` уништи сите нас“, изјави Хокинг.

Вонземјани

Уште во 2010 година, Хокинг изјавил дека ако постои интелигентниот вонземски живот во вселената, не би сакале да го сретнеме.

„Доколку вонземјаните некогаш не` посетат, мислам дека резултатот бил сличен како оној кога Колумбо дошол во Америка, што не испадна доста добро за Индијанците“. Напредната вонземска цивилизација може да стане номадска, а овие патници веројтно би сакале да ја поразат и колонизираат секоја планета на којашто би слетале, анализира Хокинг.

Исто така тој споменува дека анализирањето на вселената ќе биде важно за обезбедување на опстанокот на човештвото. „Верувам дека долгорочната иднина на човечката раста мора да биде вселената, и дека претставува важно животно обезбедување за иднината на нашиот опстанок, бидејќи тоа би можело да спречи исчезнување на човештвото“. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука