X
 29.03.2016 Култура

Интервју со тимот зад НајдиДом.мк, првиот агрегатор на огласи за недвижнини во земјава

Доколку сакате да купите или изнајмите нов дом, за тоа треба да направите само неколку кликови. За почеток, одите на една „НајдиДом“, а потоа... за понатамошните инструкции прочитајте во интервјуто со Игор Стаматовски од „НајдиДом“, агрегатор на огласи за недвижнини.



Факултети.мк: Кажи ни нешто повеќе за начинот на функционирање на НајдиДом.мк.

Игор: НајдиДом.мк е првиот агрегатор на огласи за недвижнини. Корисниците на НајдиДом.мк можат да ги најдат сите огласи за недвижнини на едно место, без разлика дали се во потрага по куќа, стан, канцеларија или плац. Тоа им заштедува време, нерви и пари и им овозможува донесување на правилна одлука при изборот на нов дом.

Факултети.мк: Како може некој да побара дом?

Игор: Пребарувањето е многу лесно. Можете да пристапите преку компјутер, таблет или телефон. На почетната страница на НајдиДом.мк се избира помеѓу недвижнини за изнајмување или купување, потоа град и општина. Понатаму огласите може да се филтрираат по вид, големина или цена. Системот на НајдиДом.мк автоматски ги превзема сите огласи за недвижнини од поголемите огласници во Македонија (Реклама5, Пазар3, Врапче, НовПазар, Имоти, Имоти24/7 и Метар2) што значи дека се што огласувачите треба да направат е да го огласат нивниот имот на било која од овие страници. Понатаму, ние ќе се погрижеме огласот да биде прикажан и на НајдиДом.мк.



Факултети.мк: Кои се предностите на овој начин на барање дом?

Игор: Сите знаеме колку е стресно барањето на нов дом. Интернет огласниците го заменија барањето огласи преку весници со пребарување на огласи на интернет. НајдиДом.мк отиде неколку чекори понатаму: наместо да пребарувате низ сите интернет огласници поединечно сега можете да ги најдете сите огласи на едно место. Додадовме и функционалности како покажување само на филтрирани податоци (сите цени се исклучиво во евра и се прикажуваат само огласи со слики а празните огласи се отстрануваат), покажување на мапа, филтрирање по локација, големина, цена или број на соби кои се апсолутно добредојдени.



Факултети.мк: Откаде се роди идејата и како беше реализирана?

Игор: Идејата е на млад претприемач и интелектуалец од Македонија кој живее и работи во Лондон. НајдиДом.мк претставува докторска дисертација на Игор Попов. Игор ја реализира идеата најпрво во Обединетото Кралство а сега искуството од таму го носиме и во Македонија. Прилагодениот проект за Македонскиот пазар го направи iBorn, софтверска куќа во Скопје и сеуште не сме престанале да работиме на унапредување и исполнување на потребите специфични за корисниците од Македонија.

Факултети.мк: Дали имате информации за приближната бројка на Македонци кои досега нашле дом на агрегаторот?

Игор: Секојдневно добиваме по неколку пораки на нашиот е-маил за контакт, пораки на нашата Фејсбук фан страна и коментари во формата за оценување на НајдиДом.мк за тоа како НајдиДом го направил токму тоа за кое што е создаден- да им заштеди време и да ги избегнат непријатностите при барањето нов дом. Во моментов немаме точна информација за изнајмени односно купени недвижнини кои биле огласени на Најдидом.мк. Ние сме посредникот помеѓу купувачите и продавачите на недвижнини што значи дека не добиваме известувања за остварена продажба или закуп. Меѓутоа напорно работиме на тоа што повеќе луѓе да бидат запознаени со вредноста која можат да ја добијат од НајдиДом.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура