X
 29.03.2016 Живот

Зошто начинот на кој се бориме против тероризмот е погрешен?

Поделбите на муслимани и останати е токму она што сакаат да го постигнат терористите. Сузан Хаслер работела за ЦИА дури 21 година.


Во својата колумна за Си-Ен-Ен таа открива дека детали за времето додека работела во службата за разузнавање. Имено, таа добивала различни задачи, меѓу другото и како аналитичар за тероризам.

- По терористичките напади во 2001, толку работевме што беше тешко да се најде време за тоалет, а уште помалку за обрнување внимание на американската јавност - се потсетува Хаслер за периодот по терористичките напади во Њујорк на 11 септември 2011.

Овој период бил полн со кратки рокови, многу информации, тешка работа. Хаслер мислела дека атмосферата која владеела тогаш била непријателска. Веќе имало многу самоуверени луѓе, а ЦИА морала да се брани и да го објаснува секој збор кој бил напишан и речен. Сите покажувале кон нив и барале аргументи со доказите.

Токму во тој период, Хаслер смета дека научила дека во некои рабои треба да се биде претерано внимателен. Откако ја напуштила ЦИА во 2004 година, Хаслер добива вести од медиумите. Таа вели дека се пишуваат многу неосновани и неодговорни изјави кои не се поткрепени со факти. Малкумина наведуваат откаде ги добиле информациите за кои пишуваат, според неа.

Создавање дополнителни поделби

Токму таквата атмосфера може да се претвори во отров. Се создаваат антимуслимански групи кои сметаат дека сите муслимани се терористи, а претседателскиот кандидат дава дополнителен поттик за таквото однесување.

- Тоа никогаш не е добро. Таквите поделби се токму она што терористите сакаат да се случи. Тоа им е целта - смета Хаслер.

Групите како ИСИС и Ал Каида сакаат да ги свртат сите муслимани од делови од светот да се борат против останатите „неверници“. Тие сакаат да ги привлечат масите на глобален џихад.

- Антимуслиманските групи само им помагаат во нивната намера - вели таа.


Хаслер додава дека „пораката која ја пренесуваат терористите и антимуслиманските активисти е иста, а таа гласи: ако непријателот е зло, тогаш единствената праведна работа што треба да се направи е да се мрази и уништи тој непријател. Терористите со своите чинови наоѓаат оправдувања во религијата. А антимуслиманските активисти ќе речат дека нивната омраза кон муслиманите е оправдана од злосторствата кои им се прават на христијаните. Двете страни прават исто - поттикнуваат омраза и насилство“.

Рецепт за борба против тероризмот

Инстинктот кој се јавува кај луѓето кога се нападнати е разбирлив, но сè повеќе од тоа е прилично опасно, смета Хаслер.

- Дали нешто научивме од нападите на Ирак? Создадовме нова генерација терористи и ја зголемивме опасноста. Мрежата на терористи е насекаде - пишува таа и додава дека не може да се бомбардира една држава, едно подрачје и да се смета дека со тоа е уништен тероризмот. Уништена е само таа држава.

Хаслер верува дека најдобар начин за борба против тероризмот е да се работи на тоа терористите со својата пропаганда и со нашето однесување да не дојдат до својата целна публика. Треба да се нагласува дека терористите не се оние кои го претставуваат исламот и треба да се фокусира на поединци.

Хаслер советува наоѓање силни сојузници во муслиманскиот свет бидејќи нема силна борба против тероризмот без соработка со муслиманите.

- На крајот, мора да научиме да бидеме трпеливи. Поважно е да удриме интелигентно отколку брзо. За жал, овој рецет никогаш нема да биде популарен - вели Хаслер.

Бескрупулозни политичари

Политичарите како Доналд ТРамп и Тед Круз ги искористуваат нападите за да ги постигнат своите цели. Тие одат на тоа дека треба да се направи нешто брзо и спектакуларно.


Соодветно на тоа, Трамп на својот профил на „Твитер“ во неделата по терористичкиот напад во Пакистан напишал дека „само тој може да го реши проблемот со нападите од исламот“. Терористите, антимуслиманските екстремисти и политичарите кои имаат корист од сето тоа се користат со такви методи со кои се негуваат лажни решенија.

- Ако не си со нас, против нас си. Никогаш не признавај дека твојата страна греши и дека е виновна за некои дела - пишува Хаслер.

Таа заклучува во својата колумна дека „ако сакаме некогаш да ја намалиме опасноста од тероризам, не смееме да допуштиме главниот збор да го има незнаењето, лутината и опортунизмот“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот