X
 30.03.2016 Образование

Како еден професор од Иран се избори против насилството и исмејувањето меѓу учениците

1

 

Кога иранскиот учител Али Мохамадиан забележал дека еден од неговите ученици е малтретиран откако ја изгубил косата поради автоимуна болест, тој одлучил да покаже солидарност, па одлучил да покаже солидарност и ја избричил и неговата коса. После тоа, целиот клас ја избричи главата и со тоа престанало малтратирањето.


Мохамадиан кој предава во основното училиште Шеик Шалтоут во Марвиан, курдиски град во западниот дел на Иран, стана вистински херој. Дури и претседателот Хасан Рохани го пофалил и владата понудила финансиска помош за лекување на студентите, па така неговата приказна се рашири низ целиот свет.

 

1


„Многу сум среќен што мојот чин допре многу срца и луѓето реагираа позитивно“, изјави 45 годишниот наставник.

Се започнало кога Мохамадиан објавил фотографија од себеси и неговиот ученик Махан Рахимујем на Фејсбук. „Нашите глави се чувствителни на коса“, напишал наставникот на социјалната мрежа со цел да го поддржи неговиот ученик.

„Махан се изолира после губењето на косата. Насмевката исчезнала од неговото лице и јас навистина станав загрижен. Затоа одлучив да ја избричам главата - за да му помогнам да се врати на вистинскиот пат“, вели Мохамадиан.

 

2


Неговата Фејсбук објава наскоро го привлече вниманието на стотици ирански веб корисници. „Кога следниот ден го отворив мојот профил, не можев да поверувам на колку луѓе им се допадна фотографијата и колку луѓе ја споделија фотографијата“, вели тој.

Иранските медиуми, вклучувајќи ја и националнта телевизија, го интервјуирале наставникот, а иранскиот министер за образование, Али Асгар Фанџаи, ги повикал и Мохамадиан и Махан во Техеран за да им предаде официјално писмо на благодарност.

Во рок од неколку дена, 23 ученици на Мохамадиан, инспирирани од постапката на нивниот наставник, одлучија и тие да ја избричат главата.

„Им реков да почекаат да заврши зимата и да помине студеното време, но кога се вратив од Техеран, сите ученици беа ќелави“, вели тој.

 

3


Лекарите во болницата Рази во Техеран велат дека Махан има проблеми со имунитетот, но дека се`уште ја истражуваат природата на неговата болест.

„Докторите испратија примероци во Германија за дијагноза. Врсниците на Махан сега го поддржуваат, а насмевката се врати на неговот лице“, вели наставникот.

Мохамадиан има 23 години искуство како наставник и има две ќерки и син.

„Во места како Сирија, Ирак или Судан, децата се убиени секој ден, а на местата како Пакистан и Индија детската работна сила е широко распространета. Јас сум загрижен за ужасната тортура со која овие деца се соочуваат на дневна основа. Ако не можам да влијаам на тоа, тогаш ќе направам се` за децата во мојот клас да се чувствуваат добро“, завршува наставникот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование