X
 31.03.2016 Култура

Најчудните работи за кои луѓето биле уапсени

Би сакале да мислиме дека знаеме што е нелегално, а што е легално. Но, законот е различен во секоја земја. Па така, додека патувате, бидете внимателни бидејќи би можеле да бидете уапсени за некои банални работи.


Доцнење со враќањето на видео касета

Во 2002 година, Џејмс Мејерс од Северна Каролина позајмил филм од видеотека. Тој заборавил да ја врати касетата и бил потсетен кога бил уапсен на 22 март во 2016 година. Мејерс бил застанат на улица од страна на полицијата поради скршено светло на автомобилот. Тогаш, полицијата открила дека за Мејерс бил тужен уште во 2002 година. Полицијата му дозволила да ја однесе ќерка си на училиште и да оди на работа пред да го уапсат сè додека тој ветува дека ќе се пријави самиот. Потоа, тој бил казнет иако видеотеката повеќе не постои.

Пцовки

Една жена од Јужна Каролина била уапсена во 2014 година поради користење пцовки кон своите деца во продавница. Таа им кажала на децата да „престанат со притискање на е*аниот леб“. Друг потрошувач ја замолил да престане, но таа одбила и полицијата пристигнала и ја уапсила поради недостојно однесување.

Креативно пишување

Алекс Стоун, средношколец од Самервил, покажал премногу имагинација за време на домашна задача кога пишувал за убиство на диносаурус кој му бил домашен миленик. Наставникот на Стоун бил вознемирен поради користењето на зборовите „пиштол“ и „заврши работа“ и ја предупредил полицијата, која барала оружје кај Стоун. Тие не нашле оружје, но Стоун бил уапсен поради недостојно однесување и бил суспендиран од училиштето.

Шегување со мокар прст во уво

Веројатно се сеќавате на шегата со ставањето мокар прст во нечие уво. Не е јасно зошто некој би го правел тоа, особено на 4-годишно дете, но тоа го сторил Мајкл Мигани од Конектикат во 2015. Тој бил уапсен поради тоа.

Хранење на бездомниците

Во Флорида, еднаш бил уапсен 90-годишен маж кој им давал храна на бездомниците. Тој маж бил свештеник. Арнолд Абот подготвувал храна за бездомниците во црквата, ја носел храната на улиците за бездомниците и тогаш бил уапсен.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура