X
 01.04.2016 Култура

Градот Валенсија има ново име - обидете се да ја најдете разликата

Третиот најголем град во Шпанија, Валенсија, во четвртокот доби ново име. Но, името нема да им прави разлика на странците бидејќи разликата можеби нема ниту да ја забележат.


Имено, службеното име на Валенсија сега е Валèнсија, со акцент на вториот слог, како што е правилно на дијалектот од шпанскиот кој се користи во Валенсија и околината.

Многу жители на Валенсија и истоимената провинција сметаат дека јазикот кој го користат е посебен и различен од оној кој се користи во останатите делови од Шпанија, па затоа го сметаат за дел од својот културен идентитет.

„Ова е почеток на нормализацијата на овој јазик, а има ли нешто понормално од тоа да го именуваме градот во кој живееме на својот јазик“, изјавил градоначалникот Хоан Хоан Рибо.

Задачата за спроведување на одлуката за преименувањето на градот ја добила Јазичната академија во Валенсија, а уште не е одредено кога ќе бидат сменети и сообраќајните знаци ширум Шпанија кои упатуваат кон Валенсија.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура