X
 04.04.2016 Образование

Бројот на матуранти кои планираат да се запишат на државен факултет намален за речиси 10%

95% од сегашните матуранти планираат да се запишат на факултет. Помалку размислуваат за висока школа. Нема големи разлики во споредба со изминатите три години. Ова го покажува нашата анкета за идни студенти, на која одговорија 676 идни студенти.


Имено, од анкетата дознаваме дека 95% од испитаниците планираат да се запишат на факултет, додека 3% планираат да се запишат на висока школа.

2%
од испитаниците ќе пробаат да се запишат на факултет, па доколку не бидат примени ќе се запишат на висока школа. Ниту еден матурант сè уште не е сигурен за својата одлука.


Податоците се речиси исти со оние од изминатите четири години.


Од оние студенти кои планираат да се запишат нa факултет, 78% се одлучиле за државен факултет.

8%
веќе се одлучиле за приватен факултет, а 12% ќе се обидат на државен, па доколку не бидат примени ќе се запишат на приватен факултет. Само 2% ќе се обидат на приватен факултет, па ако не успеат ќе се запишат на државен.



Во однос на изминатите години се забележува мала промена во ставовите на студентите за државните факултети. Имено, во 2012 година, 87% од испитаниците планирале да се запишат на државен факултет, додека оваа година тоа го планираат речиси 10% помалку, односно 78%. Но, оваа година е зголемен процентот на матуранти кои би се запишале на приватен факултет доколку не бидат примени на државен.



Од објаснувањата за својата одлука дознаваме дека најголем дел од студентите кои се одлучиле за државен факултет својата одлука ја донеле поради финансиската состојба, подобрите кадри, пониската цена за школарина, поголемиот квалитет, знаењето и ценетата диплома.

Од друга страна, за приватен факултет студентите се одлучуваат поради учењето од пракса, повеќето можности, поголемата организираност, подобрите услови, помалку учење, подобро знаење, подобар кадар, поценета диплома на запад, поголема достапност на професорите и поддршката од нив.

Според Заводот за статистики, во 2014/15 година, се запишале вкупно 57.224 студенти, од кои 706 се запишале во државните високи стручни школи, а 50.301 (88%) на државни факултети. 266 студенти се запишале на верски факултети, 233 на приватни високи стручни школи, а 5.718 на приватни факултети.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование