X
 04.04.2016 Наука

Истражувањето за вегетаријанската исхрана кое сите светски медиуми го пренесоа погрешно

Доколку сте личност која смета дека месото го прави животот поубав, тогаш едно истражување кое стигна на насловниците оваа недела веројатно стигнало до вас. Имено, станува збор за истражување во кое се покажува дека вегетаријанската диета е штетна. Медиумите пишуваа за истражувањето дека е доказ дека вегетаријанската исхрана е смртоносна.


На „Телеграф“ пишувало дека „долгорочната вегетаријанска диета го менува ризикот од рак и срцева болест во човековата ДНК.“

„Да се биде вегетаријанец долго време ја менува ДНК-та и го зголемува ризикот за добивање рак“, пишуваат „Космо“.

Впрочем, ова не било тоа што се докажувало со истражувањето. Кајсонг Је, пост-докторанд на „Корнел“ и еден од авторите на истражувањето вели дека на почетокот научниците биле среќни што истражувањето добило толкаво внимание. Меѓутоа, во текот на последните денови, тие откриле дека поголемиот дел од напишаното е погрешно.

Што открило истражувањето?

Је и неговите колеги пронашле ген кај некои луѓе чии предци живееле на вегетаријанска исхрана. Овој ген им овозможувал на индивидуалците да произведат синтетички верзии од омега-3 и омега-6 масни киселини, што се основни за функционирањето на мозокот, но може да ги нема во вегетаријанската исхрана.

Одреден дел од овие киселини е неопходен за функционирање на телото, но премногу може да предизвика воспаление, што може да доведе до срцеви болести или рак. Поради ова, индивидуалците со овој ген се советуваат да ја задржат вегетаријанската исхрана за да не внесуваат дупла доза од масните киселини.

Истражувањето, впрочем, покажува како луѓето, во период од ститици генерации, може да еволуираат и да добијат карактеристики уникатни за својата околина. Генот почесто бил наоѓан кај луѓето од културите кои повеќе јадат вегетаријанска исхрана - 70% од јужноазијците, а само 17% од европејците.

Је објаснува дека „треба да имаме исхрана која одговара на сопствените гени. За оние индивидуалци кои го имаат овој вегетаријански ген е подобро да јадат вегетаријанска исхрана бидејќи тоа го јаделе и нивните предци и тоа е она на што се адаптирале тие“, пренесува „Vice“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука