X
 05.04.2016 Економија

Невработеноста во еврозоната намалена на 10% - Која земја има најмалку невработени во моментов?


Стапката на невработеност во еврозоната во февруари годинава била најниска од август 2011 година. Ова е показател на умереното економско заздравување на европските земји, според агенцијата на Европската унија за статистика „Еуростат“.

Еуростат“ објави изминатата недела дека невработеноста во 19 држави кои го користат еврото паднала на 10,3% според податоците од февруари.

Во јануари, невработеноста изнесувала 10,4%. Според овие податоци, во февруари во еврозоната без работа биле 39.000 помалку, додека бројот на невработени во јануари паднал за 118.000.

Бројот е помал за 1,3 милиони во однос на годината претходно.

Инаку, Германија има најнизок процент на невработени жители - 4,3%, додека најмногу невработени има во Шпанија - 20,4% и во Грција - 24%.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија