X
 06.04.2016 Здравје

Клиниката за детски болести со соопштение за пациентот сомнителен за Зика вирус

Соопштението од Клиниката за детски болести го пренесуваме целосно.



Соопшение за пациентот сомнителен за Зика вирус

Направените анализи во лабораторијата во Германија покажаа дека нема присуство на Зика вирус кај пациентот со микроцефалија кој пред две ипол недели беше примен на Клиниката за детски болести.

-    Пациентот, три месечно бебе  од Дојран, беше препратено од матичниот педијатар од Струмица со сомневање за аномалија на главата позната како микроцефалија. Невролозите по направените испитувања предложија да се направат дополнителни анализи за да се утврди причината за оваа состојба. Анализите кои пристигнаа покажаа дека не се работи за Денга и Зика вирусот. Која е причината за микроцефалијата, ќе ја утврди тимот од одделот Неврологија со понатамошни анализи - др Аспазија Софијанова, Клиника за детски болести Скопје
Причина за микроцефалијата можат да бидат вируси кои ги имала мајката во првите три месеци од бременотса кога се формираат ограните кај плодот. Натамошните испитувања и утврдувањето на причинителите ќе го дефинираат и понатамошниот начин на лекување на пациентот.

Доц. Др Аспазија Софијанова
Директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје